Горан Стевчевски е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Унгарија, од 1 март 2019 година. Тој е роден во Штип, во 1963 година.
ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН
Како дипломат од кариера од јануари 1995 година, Стевчевски обавуваше повеќе раководни функции во Министерството за надворешни работи, меѓу кои: помошник раководител на Секторот за мултилатерални односи (2002-2005), раководител на Секторот за мултилатерални односи (2006-2007), раководител на Секторот за политичко-безбедносна соработка (2008), директор на Директоратот за меѓународно право (2009-2013), директор на Директоратот за Југоисточна Европа и регионални иницијативи (2014-2018), како и специјален советник на Министерот (2018-2019).
Стевчевски беше трет секретар (1998-2000), односно прв секретар (2000-2002) во Постојаната мисија при Обединетите нации во Њујорк. Во 2007-2008 г. беше министер-советник и вршител на работи во Постојаната мисија при Обединетите нации во Њујорк.
Стевчевски беше правен советник на Министерството за надворешни работи, член на CAHDI на Советот на Европа, како и номиниран консилијатор во Обединетите нации, согласно Виенската конвенција за договорно право. Беше владин повереник за предлог-закони за ратификација на билатерални и мултилатерални договори, во постапките за нивно усвојување во националното Собрание.
Амбасадорот Стевчевски беше член на правниот тим (2009-2011) што ја подготви и застапуваше тужбата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за повреда на Времената спогодба со Грција од 1995г. Учествуваше во повеќе дипломатски преговарачки процеси за решавање на повеќе билатерални прашања од посебен надворешно-политички интерес.
Стевчевски беше член на државни делегации на бројни глобални и регионални конференции и настани, во рамките на Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ, ПСЈИЕ, ЦЕИ и други форуми и иницијативи, како и член на државни делегации на бројни официјални билатерални средби и посети и на високо ниво.
Стевчевски беше претседател на повеќе комисии, како и предавач и панелист на разни обуки, семинари и конференции во организација на Министерството за надворешни работи и меѓународни институти.
ОБРАЗОВАНИЕ
Горан Стевчевски во 1990г. дипломираше на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 1994.г. посетува дипломатска настава на Високиот Институт за меѓународни студии во Женева, како и други специјализирани дипломатски обуки.